Најмалку 13 мртви од отровен сируп против кашлица

Најмалку 13 лица починале откако конзумирале отровен сируп против кашлица во пакистанскиот град Лахор, заради што локалните власти најавиле затварање на аптеките и фабриките за лекови.

Како што јавува АФП, жртвите се воглавно зависници од дрога, кои го испиле отровниот сируп.
Некои од жртвите се пронајдени мртви на гробишта, каде што зависниците често се дрогираат, додека шест починале во болница. Жртвите биле на возраст од 15 до 45 години.
Три аптеки се затворени, а нивните сопственици се приведени. Примероци од сирупот се испратени на понатамошна анализа.

Пронајдете не на следниве мрежи: