Среќен роденден Тина Тарнер

Една од највлијателните ѕвезди на рокенрол сцената Тина Тарнер, е родена на денешен ден 26 ноември, 1939 година како Ана Меј Булок.

Тина е повеќе од половина век присутна на музичката сцена, а нејзиниот почеток и влијание на музичката сцена се должи благодарејќи на славниот Ајк Тарнер, член на бендот Kings of Rhythm, а подоцна и нејзин сопруг.

Поради зачестеноста на насилството кое го доживувала од страна на својот сопруг, Тина во 1978 се разведува од Ајк, со што со неверојатно голема брзина се здобива и со светска слава.

Покрај музичката сцена на која сите ја препознаваме по нејзиниот карактеристичен глас, долги нозе, бујна коса и неверојатна енергија, Тина Тарнер би можеле да ја видиме и на филмското платно со нејзината најпозната улога досега, можеби и единствена најуспешна во  филмското остварување Mad Max од 1985 година.

Студиски албуми

–          Tina Turns the Country On! (1974)

–          Acid Queen (1975)

–          Rough (1978)

–          Love Explosion (1979)

–          Private Dancer (1984)

–          Break Every Rule (1986)

–          Foreign Affair (1989)

–          What's Love Got to Do With It (1993)

–          Wildest Dreams (1996)

–          Twenty Four Seven (1999)

Пронајдете не на следниве мрежи: