Слатка кражба – исчезнале 18 тони чоколадо

Група крадци украле 18 тони чоколадо од фабрика за слатки во Блауденц, на западот на Австрија, соопшти австриската полиција. 

Крадците имале лажни документи и се претставиле како доставувачи со задача слатките да ги испорачаат на купувачи во Чешка.

Поради тоа што пакетите со чоколадите никогаш не стигнале до дестинацијата, фабриката 2 дена подоцна ја известила полицијата, која сеуште трага по крадците. 

Пронајдете не на следниве мрежи: