8 факти кои секоја девојка треба да ги знае за своето тело.
Опседнатост со килограмите, излегување до доцните часови, сончање по цел ден на одмор… Велат дека до 30-тата година телото ве чува вас, но по 30-тата вие треба да го чувате телото.
Имајте ги на ум овие 8 „правила“ по кои треба да се водите секој ден, за да се чувстувате убаво, свежо, одморено:
1. Секое тело е совршено.
Не постои идеална пропорција. Сите имаме различно тело. Фокусирај се на она што можеш да го направиш во сопствена кожа, а не на тоа како изгледаш. Се додека сте здрави, не треба да се опседнувате со обемот на струкот и градите.
2. Ти треба повеќе сон.
Недостатокот на сон влијае на тоа како ќе изгледаш следниот ден, како ќе се чувствуваш и функционираш. Спиењето е клучно за здраво тело и ум.
3. Вежбај за здравје, а не за изглед.
Вежбањето е клучно за раст и развој на секоја здрава личност. Не треба да вежбате само кога ќе забележите дека стомакот не ви е рамен или затоа што „така треба“. Спортувај, нема ништо поубаво од ослободување на вишокот енергија.
4. Сончањето е штетно. А, солариумот уште повеќе.
Го забрзува процесот на стареење на кожата и се зголемува шансата да добиеш рак. Можеби ќе имаш тен како што посакуваш, но наскоро ќе имаш и повеќе брчки од останатите врснички кои не практикувале печење на сонце.
5. Вода, вода, вода.
Пиј колку можеш повеќе вода во текот на денот. Доволни се 8 чаши вода во денот.
6. Не постои вистински начин за отстранување на несаканите влакна.
Треба само да го пронајдеш оној кој е соодветен за тебе и кој нема да ти претставува непријатност или мака.
7. Не го прескокнувај појадокот никогаш.
Всушност, немој никогаш да прескокнуваш ниту еден оброк, а особено не појадок. Ако брзаш, напиј се барем една чаша јогурт или изеди едно јаболко.
8. Твојата вагина не е чудна.
Сите се различни и нема потреба да се грижиш за нејзиниот изглед.
ПРЕДЛАГАМЕ УШТЕ И ОВА:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.