8 генијални трикови со паста за заби кои ќе го олеснат чистењето

Закиселениот мирис на млекото од бебешките шишиња понекогаш е тешко да се отстрани со вриење, но комбинацијата од топла вода и паста за заби ќе делува. Само добро исплакнете и мирисот ќе исчезне.
Ова е еден од најнеочекуваните начини на кои можете да користите паста за заби во вашето домаќинство.
Ви носиме трикови со паста за кои веројатно не сте знаеле дека ќе ви го олеснат животот.

Ова е еден од најнеочекуваните начини на кои можете да користите паста за заби во вашето домаќинство.
Ви носиме трикови со паста за кои веројатно не сте знаеле дека ќе ви го олеснат животот.
Чист мијалник
Ако ви капнало од пастата додека ги четкате забите, искористете ја – одлична е за миење мијалници. Земете сунѓер, тријте и исплакнете – ќе изгледа совршено сјајно.
Ги чисти дамките на чевлите
Само додадете малку паста на влажна крпа и исчистете.
CD дисковите може да проработат
Малите гребнатинки на CD-ата може да се отстранат со нанесување многу малку паста за заби на памучна или микрофибер крпа. Исчистете и избришете.
Го чисти обоениот ѕид од креди и боички
Не паничете ако децата го бојат ѕидот. Едноставно ставете малку паста на влажна крпа и нежно исчистете.
За сјајни хромирани површини (славини и држачи за туш)
Пастата за заби совршено ќе ги полира. Потоа само исплакнете.
Смирува каснувања од комарци и други мали бубачки
Следниот пат кога ќе ве каснат, нанесете малку паста за заби. Ќе престане да ве чеша и ќе ја смири кожата.
Отстранува дамки на теписи
Ставете ја пастата директно на дамката и тријте со четка. Исплакнете малку и повторете додека не исчезне дамката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.