Новиот сој на коронавирусот е проширен во многу земји од светот и е постојана закана.
Директорот на СЗО изјави дека овој сој побрзо се шири од делта сојот и дена најверојатно не ги заобиколува ниту вакцинираните, ниту оние кои прележале Ковид-19.
За разлика од претходните соеви на коронавирусот кои се манифестираа за околу пет до четиринаесет дена откако човек ќе дојдеше во контакт со Ковид-19, симптомите кај омикрон сојот се јавуваат веќе во првите 48 часа по контакт со заразена личност.
Според податоците на апликацијата „ZOE Study“ пријавени симптоми кои укажуваат на инфекција со омикрон сојот на Ковид-19 донекаде се разликуваат од симптомите кои биле карактеристични за претходните соеви.
Карактеристична разлика е тоа што мал број од заболените пријавиле губење на сетилото за мирис и вкус. Исто така помал број од заболените пријавиле зголемена телесна температура која беше карактеристична за претходните соеви.
Симптоми на кои треба да обрнете внимание:
1. Течење на носот
2. Гребење во грлото
3. Сува кашлица
4. Главоболка
5. Умор
6. Кивање
7. Ноќно потење
8. Болки во цело тело, со акцент на болки во коските
Докторите во Јужна Африка пријавиле дека пациентите кои биле заразени со омикрон сојот како прв симптом ја пријавиле сувата кашлица, потоа и гребење во грлото, ноќно потење и болка во коските.
Британскиот доктор Амир Кан го опишал ноќното потење како симптом на омикрон сојот, како потење кое бара заболените задолжително да се пресоблечат.
Исто така еден дел од заболените како симптоми навеле и губење на апетитот или пак мозочна магла.
Европската унија патентираше посебен ПЦР тест за детектирање на омикрон сојот.
„Се надеваме дека луѓето сега ги препознаваат симптомите налик на настинка кои очигледно се доминантни карактеристики на омикрон сојот“, вели британскиот професор Тим Спектор кој го води „ZOE Stydy“.