Денеска, во Спортската сала „Методија Антонов-Ченто“ при ОУ „Наум Наумовски – Борче“, во населна Маџари, во организација на Карате Клубот „Тигар“, се одржа 8-от Интернационален карате турнир „Гази баба опен 2014“.На почетокот на турнирот и на дел од борбите, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Во рамки на турнирот учесниците се натпреваруваа во кати екипно, кати поединечно и куми поединечно.
За првото, второ и трето место беа доделени медали и диплома, а беа доделени и награди за најдобрите изведувачи на кати во машка и женска конкуренција, за најдобриот судија, за најмасовен клуб учесник како и за прво, второ и трето место во категорија, клуб со најмногу освоени медали.
На најатрактивните куми натпреварувач и натпреварувачка им беше доделен и витешки орден “Филип втори”.
На сите ката натпреварувачи кои беа во возрасна категорија до 6 години им беа доделени медал и диплома.
Карате Клубот „Тигар“, редовно го организира овој турнир којшто секоја година е помасовен со учество на многу натпреварувачи од земјава и од странство.
Годинава во рамки на турнирот учествуваа 500 деца, натпреварувачите беа на возраст од 6 години па до 45 и повеќе, а учествуваа каратисти од Македонија, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Словенија и од Словачка.На почетокот на турнирот и на дел од борбите, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Во рамки на турнирот учесни