8 начини да се запре размислувањето и да се постигне мир во сегашниот момент- 2 дел

Ние правиме се за да останеме позитивни, но очиглено некогаш не можеме да спречиме негативните мисли да направат хаос во нашиот живот! Ние се грижиме за грешките од минатото или пак за моменталниот стрес а тоа може да доведе до негативна иднина. Но, можеби и во сегашноста се чусвтвуваме анксиозни, и имаме тешки денови и моментално се грижиме и се опседнуваме со тоа што грешно правиме! Првиот дел од статијата може да го прочитате на следниот ЛИНК.5.Бидете физички активни и зафатени
Што треба да правам наместо да зборувам? Па веќе знаете како да се смирите по пат на дишење, но понекогаш треба да ја потрошите енергијата. Па започнете да вежбате, може и да се обидете со брзо одење, јога, пливање… Активностите воедно се и психички и физички а истовремено е и одлично за оттргнување на мислите.
Го симулираат мозокот и одлични се за пренасочување на опсесивните мисли односно обрасците на размислување. Но и играњето на карти, учење на нов јазик како и играње на други игри исто така може многу да помогне. Или едноствно најдете ново хоби, цртајте, правете накит, облека, едноставно најдете свој скриен талент…
6.Размислувајте за едноставни работи-Медитирајте!
Над- мислителите секогаш се борат со себе за да размислуваат само за сегашниот момент. Често се опседнати со неуспесите од минатото и грижите за иднината, на сегашниот момент вооптшо не му посветуваат внимание. „Ако живеете во минатото-тогаш сте депресивни, ако живеете во иднината- вие сте анксиозни, а чувствувате мир само ако живеете во сегашноста“. Па може ли да живеете само за сегашниот момент?
Постојат многу стратегии кои може да ви помогнат да го смирите умот. Досега набројавме неколку, дишење и физичка активност, како и други активности кои помагаат да го пренасочите вашето внимание. Но едно од најдобрите работи што може да го направите е да размислувате едноставно, станува збор за форма на медитација каде што се фокусирате само на сегашниот момент. Воопшто, медитацијата е одлична ако сте над-мислител.

 

7.Предадете му се на универзумот
Кога се грижиме, се надеваме на тој начин дека ќе го контролираме животот и дека на тој начин може да влијаеме на исходот на ситуацијата. Се надеваме дека ќе заврши позитивно но секогаш сме преплашени дека работите ќе тргнат наопаку. Во реалноста ние немаме влијание врз ваквиот развој на настаните. Ние може да одбереме дали ќе се грижиме и ќе се опседнуваме, или едноставно да прифатиме и да чекаме резултати. Едноставно препуштете му се на универзумот.
Предавањето не значи откажување. Тоа значи дека сме подготвени да прифатиме работите да одат по нивниот тек. Предавањето е форма на порака и тоа во форма на мир, затоа што верувате дека работите ќе одат во својот правилен тек и се позитивно ќе се разреши. А на крај универумот не ја прифаќа шемата на „добро или лошо“ едноставо нема само добри или само лоши работи- се е едно! Две страни не постојат!
8.Запоменете, вашите мисли ја креираат РЕАЛНОСТА!
Иако може да кажеме дека ние немаме контрола над настаните во нашиот живот, што е делувно точно што се однесува на она што навистина не можеме да го контролираме, но не можеме да кажеме дека нашите мисли не ја диктираат реалноста! Нашите мисли се обликуваат во различни енергични форми и ја креираат РЕАЛНОСТА! Ако имате негативни мисли привлекувате и креирате само НЕГАТИВНИ НАСТАНИ.
Ние мора да бидете свесни за нашите мисли затоа што тие имат огромна МОЌ. Ако опсесивно стравувате дека ќе ја загубите вашата работа, вие само ја зголемувате веројатноста да бидете отпуштени. Исто се случува и со болестите. Колку повеќе енергија испраќате во таа насока толку е поголема веројатноста да се манифестира таа состојба.
Вашите мисли и чувства енергично го создаваат вашиот живот. Па дали сакате среќен живот? Ако одговоривте со ДА ги имате сите алатки да се научите да живеете само во сегашниот момен и да бидете свесни за своите мисли и на тој начин да креирате среќен живот за вас. Изборот е ваш- изберете мудро!5.Бидете физички активни и зафатени
Што треба да правам наместо да зборувам? Па веќе знаете како да се смирите по пат на д

Пронајдете не на следниве мрежи: