8 жешки совети за најдобра прeдигра!

Сите знаеме дека предиграта е важна,  но многумина ја прескокнуваат. Погрешна одлука. Доколку се опуштите и си дозволите да се поиграте, она што потоа следува ќе биде уште позабавно.1. Облечете нешто секси
Звучи како клише, но не е. Не само што вашиот партнер ќе ужива во глетката, туку и вие ќе имате повеќе самодоверба бидејќи ќе се чувствувате посексапилно. Доколку сакате да излезете од рамките, наместо секси долна облека можете да пробате и нешто поинакво. На пример костум.
2. Масирајте го или тој вас
Масажата е совршен начин да го завршите денот. Кога ќе се вратите уморни од работа добро ќе ви дојде некој да ве измасира. Препуштете му го тоа на партнерот. Почнете од рамената, а потоа постепено менувајте ја локацијата, а попат не пропуштејте да шепнете нешто безобразно.
3. Испратете му провокативно селфи
Мала најава за тоа што ќе се случи  кога ќе падне мрак би можела да звучи вака: Секси фотка или некој дел од телото во крупен кадар со коментар: размислував за тебе денес… ти што правеше?
4. Наполнете ја кадата
Топлата миризлива купка ќе ве опушти и двајцата. Во интимна атмосфера можете да разговарате за сексот на начин на кој до сега не сте разговарале, а кога ќе тргнете кон спалната соба прашајте го дали му се допаѓа колку ви  е мека кожата по бањање.

 
5. Пораки
Испратете му секси, па дури и вулгарна порака тогаш кога најмалку се надева! Да речеме додека е на работа. Или во теретана. Напишете детално што би сакале да правите кога би би бил до вас. Сигурно ќе побрза за дома.
6. Непристојни допири
Допирањето во јавност, но никој  да не види. Доколку ви се укаже прилика да го фатите партнерот за задникот или да поминете со раката преку неговите прпони под масата, сторете го тоа. Иако и двајцата сте свесни дека сексот нема да се случи веднаш, исчекувањето ќе ги загрее работите сигурно.

7. Мастурбација
Зошто да не мастурбирате пред него? Или тој пред вас? Тоа не е само што е добар начин да ја подигнете атмосферата во спалната соба, туку и начин да се запознаете подобро и да научите што му е потребно на вашиот партер. Бидете храбри. Земете ја неговата рака  и водете ја таму каде вам ви одговара.
8. Купувајте ја долната облека заедно
Освен што би можело да биде добра забава, зедничкото купување на долна облека би можело да биде вовед во нешто повеќе. Замислете: таа заводливо се преслекува пред него додека тој ѕирка во кабината. Играта веројатно ќе ја продолжите дома.1. Облечете нешто секси
Звучи како клише, но не е. Не само што вашиот партнер ќе ужива во глетката, туку и вие ќе имате по

Пронајдете не на следниве мрежи: