8 знаци дека размислувате за неверство

Ниедна личност не е имуна на емоционално неверство. Еве знаци дека и вие сте западнале во деликатна мрежа на интимност која води до емоционално неверство. А тогаш само неколку чаши вино ве делат од вистинска прељуба.
Убав е новиот дечко кој сте го запознале на работа. Со нетрпение очекувате да го видите, па дури за време на кафето му доверивте и неколку мали тајни. Тој ви е само пријател, нели? Дали мислите дека постои никакво зло во тоа. Полека, размислете повторно. Се разбира, добро е да имате пријатели, но вие сте многу блиску до лизгање во емоционално неверство, а не сте ни свесни за тоа. Во што е проблемот? Емоционалните врски често водат до сексуално неверство, дури и ако сте среќни во вашата сегашна врска. Затоа, добро би било да ја заштитите вашата врска (сама по себе) пред да биде предоцна!
Што точно е емоционално неверство? Тоа се случува кога ќе допуштите лице од спротивниот пол да ви ги исполни емоционални потреби кои треба да ги задоволи вашиот партнер. Тоа е фина мрежа на интимност што води до емоционална приврзаност која често кулминира со секс. Тоа може да започне невино, но е доволна причина на алармирање, бидејќи со ова однесување сами отварате врата за непримерна врска.
Еве, знакови кои укажуваат на неверство:
1. Со нетрпение и возбуда очекувате да се видите со него повеќе отколку со партнерот. Поминувате повеќе време со него отколку што треба.
2. Премногу се дотерувате со надеж дека тој ќе ве забележи.
3. Му се доверувате нему за вашите односи и проблемите дома.
4. Лесно флертувате со него, го допирате додека зборува, и се обидувате да дадете вицкасти коментари.
5. Кога нешто ве измачува, него го барате пред вашиот партнер.
6. Фантазирате за тоа како би било да сте заедно, фантазирате за секс со него.
7. За него или премногу зборувате со партнерот и пријателите, или го чувате во тајност и никогаш не го споменувате.
8. Не се чувствувате удобно кога зборувате за него со вашиот партнер затоа што и вие чувствувате дека тука има нешто непримерно и сомнително.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ниедна личност не е имуна на емоционално неверство. Еве знаци дека и вие сте западнале во деликатна мрежа на интимност

Пронајдете не на следниве мрежи: