8 причини да уживате во КАКАОТО

Какаото се добива од плодовите на дрвенастото растение Theobroma cacao кое потекнува од тропските делови на Америка. Од овие плодови се добива какао масата (прав и какао маснотии) и потоа од неа и чоколадото, што воедно е и главната употреба на какаото. Кај нас, какао правот се користи уште и како топол напиток.
Во една од претходните статии зборувавме за корисните дејства на темното чоколадо кои пред сè должат на какао правот. Во продолжение повеќе околу самиот какао прав и неговите бенефити.
1) Богат извор на полифеноли кои обезбедуваат неколку здравствени бенефити
Полифенолите се природни антиоксиданти кои се присутни најчесто во свежата храна (овошје и зеленчук), но и во чаевите, чоколадата и виното.
Нивното дејство се поврзува со бројни здравствени бенефити, како намалување на хроничните процеси на воспаление, подобрена циркулација, намален крвен притисок, намален холестерол и шеќер во крвта.
Какаото се смета за еден од најбогатите извори на полифеноли во природата. Особено е богато со флавоноиди, кои имаат моќно антиоксидативно и антивоспалително дејство.
Но, преработката и делувањето на какаото со превисока топлина и алкални агенси, може да доведе до губење на голем дел од овие негови корисни компоненти. Тоа значи, дека не сите производи добиени од какао ќе бидат особено богати со нив.
2) Со зголемување на нивото на една молекула, какаото може да придонесе за намалување на високиот крвен притисок!
Какаото, и во форма на чоколадо и како какао прав, може да помогне за снижување на крвниот притисок.
За ова позитивно дејство за одговорни се сметаат присутните флавоноиди. Според студиите тие можат да го подобрат нивото на азотниот оксид, гас кој може да придонесе за релаксирање на крвните садови и следствено, за намалување на високиот крвен притисок.
3) Какаото може да придонесе за намалување на ризикот од срцев и мозочен удар
Дополнително, покрај намалувањето на крвниот притисок, за ваквото дејство на какаото причина е и неговото намалувачко дејство во однос на ,,лошиот”, LDL холестерол во крвта.
Намалувањето на крвниот притисок и подобрувањето на холестеролниот профил, неминовно водат кон подобрено кардиоваскуларно здравје, односно значително намален ризик од срцев и мозочен удар.


Во една анализа на девет научни студии со над 150 илјади испитаници, било пронајдено дека оние кои консумирале повеќе темно чоколадо имале значително намален ризик од срцев и мозочен удар во текот на животот. Друга пак, шведска студија, ни дава резултати според кои ваквото позитивно дејство на чоколадото може да го добиеме само со умерена консумација (до 30g дневно), а поголемите количини би можеле да создадат и некои проблеми.
4) Полифенолите помагаат и за подобра функција на мозокот
Логично, подобрената циркулација на крвта, влијае и на подоброто снабдување на мозокот со крвта и сите нејзините хранливи елементи.
Дополнително, флавоноидите можат да ја минат мозочната бариера и да учествуваат во биохемиските процеси во кои се создаваат невроните и повеќето важни молекули за функционирањето на мозокот.
Во една спроведена студија, помлади испитаници во исхраната вклучиле какао продукти со висок процент на флавоноиди. По само една недела, циркулацијата во мозокот се подобрила за 8%, а за две недели – 10%. Научните студии, исто така укажуваат и на позитивен ефект на флавоноидите кај повозрасните лица, но и кај лицата кои веќе имаат ментални нарушувања.
Какаото исто така, може да има позитивен ефект и на нарушеното расположение и симптомите на депресија. Овој позитивен ефект се смета дека се должи повторно на флавоноидите, односно на преминувањето на триптофанот во природниот стабилизатор на расположението – серотонин. Всушност, тоа е чувството на задоволство кое го чувствуваме по конумирање на чоколадо.
Една студија утврдила намален стрес кај бремените жени кои поредовно консумирале темно чоколадо. Друга пак, дека пијалаците кои содржат какао, можат да придонесат за смирување и задоволство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.