Парите делуваат како афродизијак

Loading...

За анкетата на Prince & Associates, и мажите и жените рекоа дека парите им претставуваат причина повеќе за секс!

 

Конечно, со ова истражување, и официјално се потврди општо познатиот факт дека луѓето со постабилна финансиска состојба повеќе уживаат во сексот од оние што полесно ги погодуваат финансиските кризи.

 

Тоа и не е многу чудно, ако се погледне подлабоко во психолошката состојба на луѓето. Оние кои не се преокупирани со својата егзистенција полесно се препуштаат на игрите во креветот и полесно уживаат во сексот.

 

Според истражувањето, 70 проценти од мултимилијардерите, кои поединечно “тежат” околу 90 милиони долари, почесто уживаат во возбудлив секс. Најголема причина за ова е ослободувањето на стресот.

 

Дури 63 проценти од богатите мажи се изјаснија дека богатството им донело подобар секс, а дури 88 проценти од жените утврдија дека парите им донеле поквалитетен секс.

 

loading...