Американско семејство се удавило во обид да го спаси домашниот миленик

Членовите на едно американско семејство смртно настрадале обидувајќи да го спасат своето домашно милениче од давење во океанот, соопштија локалните власти на градот Еурека, во северна Калифорнија.

Брановите високи три метра во саботата „го одвлекле“ кучето кое скокнало во водата по палката што му ја фрлиле неговите сопственици на плажата Биг Лагун, северно од градот Еурека, изјави Дејна Џонс, претставник на округот, пренесува АБЦ њуз.
Таа појасни дека 16 годишно момче скокнало во водата да го спаси кучето, а кога неговите родители сфатиле дека синот им е во опасност, скокнале и тие, но обајцата биле повлечени од високите бранови. Нивните мртви тела морето набргу ги исфрлило на брегот.
Во меѓувреме е ангажирана и крајбрежната стража, која во потрага по момчето испратила два чамца и хеликоптер. Момчето се смета за исчезнато, а кучето успеало без ничија помош да излезе на брегот.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: