Мис на Мексико убиена во престрелка со нарко банди

Дваесетгодишна кралица на убавината во Мексико загина во престрелна меѓу војници и припадници на нарко банда, јавија светските агенции.

Телото на Мариа Сузана Флорес Гомез било најдено во саботата во близина на селски пат во планински регион на државата Синалоа, соопшти државниот обвинител.
Не се знае дали и таа користела оружје.
„Таа била со банда криминалци, но не можеме со сигурност да знаеме дали учествувала во престрелката“, вели обвинителот Марко Антонио Игуера. „Тоа треба да го истражиме“.
Убиената бринета во 2012 година била избрана за Жена на Синалоа во натпреварот за убавина во февруари.
Во јуни, таа се натпреварувала со седумте други натпреварувачки во престижниот избор,
Нашата убавица на Синалоа, но не победила.
Победничката на тој избор се натпреварува за титулата Мис на Мексико, чија пак победничка потоа го претставува Мексико на Мис Универзум.
Флорес Гомез патувала во едно од возилата кои наишле на војничка патрола  во близина на нејзиниот роден град Гуамачил во Синалоа, каде почнала потера по членовите на еден од најсилните картели во Мексико, која траела неколку часовиH.
Според обвинителот, во престрелката убиени биле уште двајца членови на картелот, а четворица биле приведени.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: