Крводарителска акција на навивачката група ’Комити’

Навивачката група ’Комити’, по повод 25-от роденден, во вторник, од 18 часот во Домот на АРМ организира крводарителска акција.

По тој повод, ’Комити’ ги повикуваат сите симпатизери на Вардар, заедно со сите граѓани на дело да ја покажат хуманоста.

„Токму на 25-от роденден да ја испратиме хуманата порака до сите, да покажеме дека навивачката група не е збир од насилни момчиња, туку луѓе кои се грижат и се подготвени секогаш да им помогнат на другите. Сложно, како што го бодревме нашиот Вардар во изминативе 25 години ќе ја даруваме нашата крв која ќе спаси животи на многу наши браќа ширум Скопје“, се вели во дел од соопштението испратено од навивачката група ’Комити’.
По крводарителската акција, Комити информиаат дека во 20:30 часот во Домот на АРМ ќе биде организирана и изложба на фотографии.
’Комити’ е една од ретките навивачки групи која редовно организира крводарителски и хуманитарни акции. Само од почетокoт на годинава во повеќе наврати даруваа крв, ги посетија Македонците во Пустец, Албанија, на кои и им подарија книги, македонска музика и маички со логото на Вардар и Комити.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: