Најмалку 27 уапсени во нередите во Марибор

Loading...

Најмалку 27 лица се уапсени, а петнаесетина повредени во синоќешните нереди во Марибор, до кои дојде кога полицијата ги растера демонстрантите кои бараа оставка од градоначалникот Франс Канглер, објавија во вторникот локалните медиуми.

Мариборскиот дневен весник Вечер јави дека во нередите биле повредени седум полицајци, а 14 полициски возила биле оштетени.
Министерот за внатрешни работи на Словенија Винко Горенак изјави дека синоќа во Марибор според проценките се собрале околу 5.000 граѓани, а повеќето од нив биле изманипулирани од страна на провокатори кои со намера поттикнувале на насилство.
Тој наведе дека протестите без оглед на легитимноста на барањето на граѓаните не биле законски бидејќи не биле претходно пријавени.
За последиците од нередите одговорни се „анонимните“ организатори, рече Горенак, додавајќи дека полицијата ќе стори се да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата.
Директорот на словенечката полиција Станислав Венингер изјави дека во својата кариера досега нема видено такво насилство.
Протестите со барање градоначалникот Канглер, кој се сомничи за корупција и клиентилизам, беа организирани преку социјалната мрежа Facebooк.

Макфакс

loading...
Loading...