Бројот на отруени од метанол се зголемува

Loading...

Бројот на жртвите од труење со нелегален алкохол во Чешка се зголеми на 37, откако во болницата во Брно во јужниот дел на земјата почина 55-годишен маж, јави во понеделникот чешката новинска агенција CTK, повикувајќи се на портпаролката на локалната клиника „Света Ана“, Шарка Урбанкова.

Чешките власти предупредуваат дека по досегашните 36 жртви од труењето со метил алкохол, по еден месец пауза можеби почнува вториот бран труења.
Од почетокот на септември во Чешка се регистрирани околу 90 случаи на труење со метанол, од кои најголемиот број завршија со слепило. Станува збор за најголемиот случај на масовно труење со алкохолни пијалоци во Чешка во текот на последните 30 години.
„Го примивме пациентот во многу тешка состојба на затруеност минатата седмица. Во неговата крв имаше осум промили алкохол. Лекарите не можеа да го спасат…“, изјавила портпаролката Урбанкова.
Портпаролката на локалната полиција, Петра Ведрова, за агенцијата изјавила дека во станот на 55-годишниот маж биле пронајден голем број шишиња со алкохол, чиешто потекло го истражува полицијата.
Чешките власти повторно го предупредија населението пред употреба на жестоки пијалаци внимателно да го провери потеклото на производите и дали на шишињата ги има новите акцизни марки испечатени специјално по повод на масовните труења.

Макфакс

loading...
Loading...