„Златна зора” до Македонија: Државата на цигано-скопјаните ќе стане минато

Loading...

 

 

„Ако влеземе во владата ќе станете минато – овие закани до Македонија ги упати пратеникот Илијас Панајотарос од грчката про-фашистичката партија Златна Зора, во жестоката дебата во грчкиот парламент, јави Телевизија Канал 5.

И да знаат дека оваа фалсификувана држава на цигано-скопјаните многу брзо ќе стане минато, ако тоа не се случи од внатрешните превирања, ќе се случи од сигурното зголемување на рејтингот на Златна зора која набргу ќе биде во владата”, рече Илијас Панајотарос, пратеник од Златна зора.

Потоа Панајотарос влезе во вербален дуел со заменик-министерот за надворешни работи, Константинос Циарас. „Зошто ја викате поранешна југословенска Република Македонија, а не ја викате Скопје?”, праша Панајотарос. Заменик министерот за надворешни Циарас му одговара: „И Скопје, ја споменав и како Скопје, во еден дел на еден начин во друг дел на друг”. Потоа пратеникот на „Златна Зора” упати пораки до грчката влада. „Сложеното име е еднакво на предавство. Тоа е факт и Златна зора, нема во никој случај да остави да се исполни и да стане реалност било каков договор каде што би постоел изведен збор или било какво друго сложено име со терминот Македонија”, рече Панајотарос.

Расправата во грчкиот парламент беше по поставеното пратеничко прашање од Златна зора за тоа кои се позициите на грчкото МНР во однос на употребата на терминот Македонија за трговските производи и компании од нашата земја, но и колку земји не имаат признаено под уставното име. Циарас не даде конкретна бројка, објаснувајќи дека некои од признавањата не се валидни.

Макфакс

loading...
Loading...