Наскоро „Астон Мартин“ ќе се вози на нивите

Шегите за Џејмс Бонд на трактор брзо го обиколија светот откако индиската компанија којашто произведува опрема за обработка на земјата „Mahindra & Mahindra“ се јави како може инвеститор во „Aston Martin“, чиишто легендарни автомобили ги вози тајниот агент 007.

Сепак спојувањето на крајните спротиставености во автомобилската индустрија не е непознато, а тракторите веќе имаат одиграно пресудна ролја во еден дел од историјата на „Aston Martin“, но и кај другите марки спортски автомобили.
Во текот на 1950-те години, германските земјоделци ја обработувале земјата со тракторите кои имале мотори на „Porsche“, а во Италија името на Феручи Ламборџини и денес гордо стои на илјадници трактори, половина век откако тој богатството стекнато од земјоделска опрема го претвори во страст за брзите автомобили.
Доколку „Аston Martin Lagonda“ прејде кај „Mahindra“, најголемиот светски производител на трактори, тркалото на историјата ле се врати повеќе од половина век наназад која сопственикот на „Aston Martin“ бил тракторски магнат од англиската грофовија Јоркшир, Дејвид Браун. Тоа бил еден од најпознатите периоди в наскоро стогодишната историја на овие престижни британски спортски автомобили, бидејќи тогаш на „Ferrari“ му го преземаа светскиот врв во светското првенство и на трките 24 часа Леман, а брзиот и елегантен модел DB5 стана предмет на обожување кај широките маси кога го возеше Шон Конери во првите филмови за тајниот агент Џејмс Бонд.
Браун своето богатство го заработил со дизајнирање и производство на трактори, но потоа се решил да влезе во светот на гламурот и во 1947 година за 20 илјади фунти го купил „Aston Martin“, чиешто производство на автомобили го прекинала Втората светска војна, а набрзо ја купил и лондонската компанија за луксузни автомобили „Lagonda“. Индустријалецот знаел да ужива во своите нови играчки, прочуена е неговата фотографија од 1952 година на која Дејвид Браун гордо стои крај трактор зад чиј волан седи еден од најголемите автомобилски асови во историјата – легендарниот Аргентинец Хуан Мануел Фанџо.
Меѓутоа таквите врски на две автомобилски крајности обично не траеле долго. „Porsche“  престанал да ги произведува моторите за трактори во 1963 година, суперавтомобилите и тракторите на „Lamborghini“ одамна немаат заеднички газда, со тоа што тракторите сега се дел од италијанската компанија „Same Deutz-Fahr“ а автомобилите се дел од секторот со кој управува германскиот гигант „Volkswagen“ во кој е и „Porsche“.
Дејвид Браун, пак, западнал во големи финансиски проблеми и во 1972 година бил принуден да го продаде „Aston Martin“ за симболична сума од само 100 фунти, а тогаш го продал и производството на тракторите.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: