Камиони излетаа кај Маврово поради голомразица на патот

Loading...

Три камиони утрово излетале од коловозот на патниот правец Маврови Анови – Гостивар, во близина на селото Бунец,  а друг камион се удрил во банкина и се судрил со уште еден камион, соопшти СВР Тетово.

Причина за сообраќајките била голомразицата која се појавила на патот поради ниските температури. Жртви нема причинета е материјална штета.
Според информациите од тетовската полиција, околу 7 часот, три камиони излетале од патот додека се движеле кон Гостивар, но успеале да се вратат на коловозната лента.
Четвртиот камион пак најпрвин удрил во банкина, а потоа во возило на „Македонија пат“.
Сообраќајот на овој патен правец се одвивал отежнато по една лента, бидејќи се уште траел увидот од сообраќајките.
Од тетовската полиција апелираат возачите да бидат внимателни во возењето на овој патен правец, особено наутро и навечер, кога температурата се спушта и до – 6 степени.

Макфакс

loading...
Loading...