Ericsson го тужи Samsung за повреда на патенти

Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ericsson соопшти во вторникот дека поднел тужба пред американскиот суд против јужнокорејската компанија Samsung поради кршење на патенти.

„Ericsson денеска поднесе тужба во САД против Samsung поради повреда на патенти, откако двегодишните преговори не вродија со решение“, стои во соопштението.
Спорот се однесува на патентираната технологија на Ericsson, која е клучна за неколку телекомуникациски  и мрежни стандарди, кои се користат во производите на Samsung, како и на други патентирани изуми, кои често се користат во безжичните и останатите производи за широка употреба“, се појаснува во соопштението.
Samsung, пак, има поднесено претходно тужби пред судовите во Велика Британија, Холандија и САД поради спорот со американскиот компјутерски гигант Apple околу технологијата што се користи во мобилните телефони и таблет пресметувачите.

Пронајдете не на следниве мрежи: