Виља ќе игра, Меси ќе одмора во Купот

Барселона реши да му даде одмор на Меси, како и на некои други ѕвезди во тимот за вториот натпревар од Кралскиот Куп на Шпанија против Алавес оваа недела. 

Барса води со 3-0 после првиот натпревар, откако успеа да го победи Алавес на крајот на октомври на стадионот Виторија-Гастеиз, па како резултат на тоа Тито Виланова реши да им даде одмор на дел од своите стандардни првотимци. 

Меси, Чави, Иниеста, Пике и Виктор Валдес нема да настапат во овој натпревар. Во меѓувреме, Давид Виља е вклучен во тимот, а во истиот тим се вброени и многу фудбалери од Б-тимот на Барса. Виља се врати на тренинг вчера, откако конечно закрепна од повреда која ја заработи на стапалото. 

Фудбалерите кои ќе се повикани да настапат за Барса против Алавес се: Пинто, Оиер, Монтоја, Пујол, Маскерано, Адриано, Планас, Сонг, Дос Сантос, Серхи Роберто, Тиаго, Фабрегас, Педро, Виља, Делофеу, Тељо.

Пронајдете не на следниве мрежи: