Лино Червар: Одигравме „МАШКИ“

Лино Червар со пофалби за своите ракометари за борбената и пожртвувана игра против силниот полски претставник во Лигата на Шампиони, тимот на Киелце.

Шефот на стручниот штаб на нашиот претставник во Лигата на Шампионите, тимот на Металург, Лино Червар, е презадоволен од прикажаното од неговите ракометари притоа потенцијарајќи дека не победил подобриот тим.

„Уште пред почетокот на сезоната знаевме дека Киелце е фаворит во нашата група. Имаат одличен состав со четворица хрватски репрезентативци и големи амбиции за пласман на фајналфорот. Но, ние одигравме храбро, без комплекс и покажавме како треба да играме против сите во топ 16“ изјави Лино Червар за „НоваМакедонија“.

Нашиот претставник во Лигата на Шампионите загуби на гостувањето кај Киелце со резултат 21-20.

Извор/Изјава: „НоваМакедонија“

Пронајдете не на следниве мрежи: