Бајрамовска во одлична форма

Мирјета Бајрамовска е во одлична форма, тоа го потврди со тоа што е најдобриот стрелец на „Турчин Купот“ во Украина со 22 гола на три натпревари.

„Се надевав дека Јулија ќе игра барем на еден меч во Киев, но сепак поважно е да биде со нас во Ниш. Со нејзина помош ќе се растовари притисокот што постои врз Бајрамовска на левата страна, а истовремено заедно со Црвенковска на плејмејкер и Јуле на десен бек, ќе можеме да бидеме поопасни. Има уште многу за поправање, ама барем видовме колку можеме да се носиме со посилни репрезентации од нас“ беше изјавата на селекторот на женската ракометна репрезентација Гино Стрезовски за „Дневник“.

Македонската женска ракометна селекција од три натпревари забележа три порази на турнирот „Турчин Куп“ во Украина.

Нашата селекција ќе биде дел од Европското првенство кое ќе се одржи во декември во Србија, во група сме со силните селекции на Франција, Шведска и Данска.

Извор/Изјава/Фото: „Дневник“

Пронајдете не на следниве мрежи: