Американски обвинител на чело на истрагата за трговијата со органи на Косово

Loading...

Европската унија го ангажираше американскиот обвинител Џон Клинт Вилијамсон да ги истражи наводите за трговија со човечки органи кој врз српски воени заробеници ги вршеле припадниците на Ослободителна војска на Косово, вклучително и актуелниот премиер Хашим Тачи.

Американскиот обвинител Џон Клинт Вилијамсон е искусен дипломат кој во Стејт департментот, а потоа и во Обединетите нации беше задолжен за воени злосторства. Овој 51-годишник објаснува дека неговата канцеларија би можела да изгледа како неосвоив бункер поради строгите мерки на безбедност, но смета дека станува збор за извонредно чувствителна работа во која е клучно заштитата на сведоците.
„Можното застрашување на сведоци, а последично на тоа и нивната заштита, е многу важен фактор во оваа истрага. Ги преземавме сите значајни напори за да ја спроведуваме истрагата во безбедно опкружување“, признава Вилијамсон.
Случајот со трговија со човечки органи го покрена поранешната главна обвинителка на Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна СФРЈ во Хаг, Карла Делпонте која во 2008 година ги обвини припадниците на ОВК – УЧК дека тргувале со органи на 300 српски заробеници. Во извештајот на Советот на Европа од 2010 година, швајцарскиот истражител Дик Марти ја доведе во прашање улогата на актуелниот премиер на Косово, Хашим Тачи, и повеќето други високи косовски функционери, но тој извештај не понудил никакви докази, па затоа нив сега ќе ги истражува Вилијамсон. Тој ќе ја води истрагата од Брисел.
Вилијамсон за Хашкиот трибунал работеше како обвинител во периодот од 1994 до 2001 година, а ги водеше случаите против Жељко Ражњатовиќ Аркан, обвинет за масакри во хрватскиот град Вуковар и поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ

Макфакс

loading...
Loading...