Креација направена само за 2 часа

Кога Ријана се појави на спектакуларното шоу на светски познатиот бренд за долна облека Victoria's Secret, во проѕирна розева креација, никој не ни помисли дека истоимената креација е направена во последниот час пред нејзиното појавување на сцената.

Според известувањата на престижниот Vogue, заносната Ријана требала да носи потполно поинаква креација, но дизајнерот Adam Selman едноставно не бил задоволен од крајниот резултат на неговата креација во последниот момент кога Ријана го испробала неговото дело, со што и се осмелил на сега веќе восхитувачкиот потег кој сепак на крајот се исплатеше.

Ријана со своето појавување на модната писта едноставно блескаше, а креацијата на завидно ниво и покрај краткото време на изработка совршено прилегаше на нејзинотот тело, истакнувајки ја нејзината витка линија.

Пронајдете не на следниве мрежи: