Елегантно, припиено и проѕирно издание на Ким Кардашијан

Loading...

Славната реалити ѕвезда Ким Кардашијан беше забележана на аеродромот во Мајами во една од нејзините најпознати изданија.

 

Ким Кардашијан се брзаше за да стигне дома па така само протрча покрај фотографите. 32 годишната Ким, се брзала да го фати авионот за Лос Анџелес, а за летот беше облечена прилично формално.

 

Од глава до пети облечена во црно, Ким сепак не би била Ким доколку не истакне некој детал: овој пат тоа беше проѕирна маица под која можеше да се види нејзиниот црн градник.

Така реалити ѕвездата во црно формално издание го зачини својот изглед. Секако во вистинско време за да може објективите тоа да го забележат.

loading...