Убиената мисица им служела на дилерите како „Човечки штит“

Loading...

Мексиканската мисица Марија Сузана Флорес Гамес, која беше убиена во пукање меѓу нарко бандите и војниците, најверојатно била користена како „човечки штит“, соопштија од мексиканското обвинителство.

До инцидентот дојде во сабота во северозападната држава Синалоа, каде Гамес во февруари беше избрана за мис на таа држава. Во престрелката загинаа уште три припадници на нарко банди.
Војниците соопштиле дека мисицата држела оружје кога излегла од автомобилот на бандата, но во нивниот извештај не е наведено дали таа отворила оган, туку само дека ја употребиле како човечки штит, изјавил функционер кој сакал да остане анонимен.
Форензичарите, меѓутоа утврдиле дека на рацете на убавицата имало остатоци кои укажуваат дека пукала од оружјето, соопштија од канцеларијата на обвинителството. Инцидентот започнал кога вооружени лица отвориле оган на патролата на мексиканската војска, по што следела повеќечасовна потера по нив.
Гамес патувала со својот дечко, осомничен член на нарко банда, кој исто така загина во престрелката со војниците.
Роднините и пријателите на Гомес ја погребаа во недела, во присуство на војската.

Макфакс

loading...