За пијаното од „Казабланка“ 1,2 милиони долари

Пијано од легендарниот филм „Казабланка“ со Хемфри Богарт и Ингрид Бергман ќе се продава на наддавање во Њујорк следниот месец, објави аукциската куќа Sotheby's.

Цената на пијаниното на коешто Сем ја свиреше „As time goes by“ за Рик Блејн (Хемфри Богарт) и Илса Лунд (Ингрид Бергман) во Париз, може да достигне од 800 илјади до 1,2 милиони долари, сметаат во аукциската куќа.
Со наддавањето коешто ќе се одржи на 14-ти декември ќе се одбележи 70-годишнината од снимањето на култниот филм „Казабланка“, кој според Американскиот филмски институт е третиот американски филм на сите времиња, зад „Граѓанинот Кејн“ и „Кум“.
Филмот  на Мајкл Куртиц во 1943 година освои три Оскара, за најдобар филм, најдобро сценарио и најдобра режија.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: