Вардар против Шкендија во полуфиналето на Купот

Loading...

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во средата беше извршена ждрепката за полуфиналните натпревари во фудбалскиот Куп.

Ждрепката посака меѓусебе во полуфиналето да играат фаворитите во оваа фаза на натпреварите Шкендија и Вардар. Втората полуфинална двојка ја формираа Силекс и Тетекс.
Првите натпревари ќе се одиграат во Тетово односно Кратово на 17.април следната година, додека возвратните дуели, по кои ќе бидат познати финалистите, во Скопје односно Тетово на програмата ќе бидат на 2.мај.

Макфакс

loading...
Loading...