`Сајбер понеделник`, како одговор на `Црн петок`

Loading...

За да се подготви за таканаречениот `cyber понеделник`, што доаѓа по `црн петок`,  Amazon мораше привремено да вработи дури 50.000 луѓе, кои се распоредени во нивните 40 огромни складишта низ целата земја.

Минатата година, на cyber понеделник, Amazon продавал повеќе од 200 артикли во секунда. Оваа празнична сезона се очекува Amazon да ја надмине таа бројка.
Првите извештаи зборуваат дека прометот на Amazon пораснал за 40 отсто во последната година.
Тоа не се случува по пат намгија, туку Amazon вложува милијарди во своите работни магацини.
Во последните пет години Amazon заработи 5,3 милијарди долари поради тоа, од што 2,3 милијарди, односно 43 отсто од наведената вкупна заработка, само во последните 12 месеци, пренесува Business Insider.
Едно такво стовариште, од каде заминуваат нарачките купени преку интернет, кое се наоѓа во Феникс, Аризона, е на површина од 28 фудбалски игралишта.

Макфакс

loading...
Loading...