Усни со боја на црвено вино- есенски тренд

Loading...

 

Најновите светски трендови кога станува збор за мејкапот, укажуваат дека оваа есен најмодерна боја и нијанса за вашите усни е токму бојата на црвеното вино. Оваа боја ќе ги направи вашите усни сензуални и неодоливи привлечни. Секако кога станува збор за физичкиот изглед, дамите најмногу од се сакаат да ги воодушеват припадниците на посилниот пол, па затоа и толку се трудат да бидат секогаш во тренд и по последна мода облечени, но и нашминкани.

 

Оваа есен задолжително имајте во својот несесер црвен кармин или сјај за усни, секогаш ќе бидете тренди и ин. Мејкап артистите секако говорат и за фактот дека не на секоја дама, убаво и прилега црената боја на кармин. Секоја дама има различно лице, тен и очи, токму затоа и треба да се внимава, дали и прилега или не оваа модерна боја.

Тие велат дека девојките кои имаат црна коса и темни очи, задолжително треба да носат црвен кармин, додека оние со светол тен и посветли очи, би требале да го одбегнуваат црвениот кармин или сјај.

Не секогаш она кое е актуелно, ни прилега добро. Во вашата козметича торбичка набавете си квалитетен црвен кармин и сјај, па нека биде и поскап, бидејќи секогаш е подобро да имате едно нешто поскапо, а квалитетно, отколку повеќе козметички производи, но ефтини и кои не одговараат на вашата кожа и лице. Карминот треба да биде хидратантен и со витамини, да ги штити усните во овие ладни денови од есента. Бидете сензуални оваа есен, нека вашите усни бидат со боја на вино.

 

loading...