Билјана Црвенковска потпиша за Вардар!!!

Средниот бек на македонската женска ракометна селекција, Билјана Црвенковска, потпиша за екипата на Вардар.

Македонската репрезентативка денес потпиша едногодишен договор со екипата на Вардар.

Таа во изјава за официјалниот сајт на клубот вели…

„Навистина сум среќна што после шест години поминати во странство се враќам во Скопје и во Македонија. Задоволство е да се игра за ЖРК Вардар СЦБТ и да се биде дел од ваков максимално професионален клуб. Ќе ми биде чест да ги бранам боите на клубот и се надевам дека заедно со другите девојки ќе успееме да ги оствариме целите што ги има зацртано ЖРК Вардар за оваа сезона“ беше дел од изјавата на Црвенковска за официјалниот сајт на ЖРК Вардар.

Извор/Изјава/Фото: zrkvardar.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: