Во двете експлозии изведени со автомобили бомби во населби на сириската престолнина Дамаск, според последните информации на Сириската опсерваторија за човекови права од Лондон загинале 54 луѓе а 120 се ранети.
Официјалната сириска новинска агенција SANA, пак, јавува за 34 загинати и десетици ранети, од кои многу во критична состојба во двојниот бомбашки напад во квартот Џарамана, за што ги обвинува, како што официјално ги нарекува вооружените опозициски групи во Сирија коишто ги сочинуваат претежно сунитите кои се борат да го симнат од власт претседателот Башар ал-Асад кој припаѓа на малцинската алавитска заедница, припадници на шиитскиот ислам.
Квартот Џамарана инаку е населен со малцинските Друзи и христијани кои тука се преселиле под притисок на воените акции на сириските бунтовници во другите делови од земјата, кои го подржуваат претседателот Асад.
Извор од сириското министерство за внатрешни работи за SANA изјавил дека досега се регистрирани 34 загинати во двојниот бомбашки напад, како и дека иам остатоци од уште најмалку десет тела, а ранети се 83 лица.
Покрај тоа, од моќните експлозии, тешко биле оштетени шест станбени згради и десетици возила паркирани во близината на детонациите.
Агенцијата јавува дека истовремено со нападите во квартот Џамарана од средата рано наутро, имало и две помали експлозии во населбите ал-Нахда и ал-Керајат, каде не се регистрирани настрадани и поголеми материјални штети.