Есенски тренд- повторно е во мода коњското опавче

За оваа есен актуелно и модерно за вашата коса е коњското опавче повторно. Многу едноставна и лесна фризура за вашата коса, оваа есен бидете модерни и шик со само неколку потега. Оваа фризура ви е позната, уште од времето кога сте биле малечки, уште од времето кога сте биле во училишните клупи. Според најновите трендови во модата, актуелни се коњските опавчиња, посебно кај оние дами кои имаат долга и бујна коса. Оваа фризура изгледа отмено и елегантно во секоја пригода. Едноставно ќе ја направите, од кога ќе ја измиете косата, убаво исушете ја со фен и соберете ја со голем стегач. Потоа опавчето убаво ишчешлајте го и веќе сте спремни за излегување. Исто така есенски тренд во однос на косата, познато е дека се враќа природната боја на косата кај дамите, фарбаните коси веќе не се ин, туку баш напротив. 

Затоа внимавајте и одржувајте ја вашата коса, со маски на природна база, избегнувајте да се фенирате секојдневно. Косата треба да биде природна и негувана, особено во текот на есента и зимата, да го зачува својот сјај и густина. Бидете секогаш тренди со вашата коса, таа секогаш ја надополнуа вашата убавина.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: