Словенечката централна банка добива нови овластувања

Словенечката централна банка, со најновите измени на законот за банкарство, ќе може во иднина сама да ги менува надзорните одбори во комерцијалните банки и да именува нивни управи во кризни ситуации, јавија локалните медиуми.

Словенечката влада очекува предложените законски измени да ги потврди парламентот по итна постапка со цел да стапат на сила веќе во наредниот месец.
Со измените централната банка би добила „кризни овластувања“  за банките во кои мнозински сопственик е државата, имаат потреба од докапитализација и чистење на билансите од лоши кредити, наведува љубљанскиот весник „Дело“.
Весникот оценува дека примената на новиот закон ќе донесе целосен формално-правен пресврт во банкарскиот систем на Словенија, но дека останува чувството оти предложените мерки доаѓаат со 4-5 години задоцнување
Со измените, меѓуостанатото се предвидува, и именување на ополномоштеник на централната банка за оние банки кои ќе западнат во потешкотии, а доколку некоја банка влезе во стечај се предвидува постапка за пренос на штедните влогови на други банки.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: