Чудни, но сепак вистинити закони поврзани со сексот

Голем број на етники групи и племиња од неразвиените земји сеуште се придржуваат до невообичаените верувања и табуа поврзани со сексот.

Додека во западниот свет сексуалната револуција на седумдесетите години од минатиот век помина низ бројните бесмислени сексуални препреки и контраверзии, во голем дел од примитивните места низ светот сепак сеуште важат помалку бизарни, но сепак постоечки закони поврзани со сексот.

Ставовите за најголемата табу тема на денешницата, кај секоја личност се оформуваат преку домашното воспитување, како и под огромното влијание на околината и луѓето кои се дел од секојдневието на истата.

Во прилог прочитајте ги дел од неколкуте бизарни закони и верувања на некои од племињатаниз светот.

·         Во панамското племе Куна, сексуалните односи се забранети во текот на денот, според божјите закони прифатливо е само едно водење на љубов во текот на ноќта

·         Етничката група Семанг од Малезија верува дека сексот преку ден предизвикува грмотевици, поплава и бура, притоа предизвикувајќи голем број на невини жртви да страдаат

·         Верувањата на западно-африканското племе Бамбар би било уште побизарно од веќе наведените, тие сметаат дека оној пар кој би имал полови односи во текот на денот, би добил албино дете

·         Племето нарачено Лепча смета дека сексот би можел да влијае на ловот, па затоа интимните односи се забранети цели три месеци, од моментот на поставувањето на одредена замка со која би се уловил посакуваниот плен. Доколку правилото се прекрши се верува дека ниедно животно не би можело да биде потоа уловено

Пронајдете не на следниве мрежи: