General motors инвестира милијарда долари во Кина

Американската автомобилска компанија General motors (GM) соопшти дека во една од нејзините претпријатија во Кина ќе вложи 6,6 милијарди јуани (милијарда долари) за изградба на нова фабрика.

Заедничкото претпријатие на GM и на кинеските партнер „SAIC Motor” и “Vuling motors“ ќе ја отворат новата фабрика во 2015 година.
Во новата фабрика во градот Чонгќинг, на југозападот на Кина, планирано е да се произведуваат 400.000 автомобили годишно.
Ова ќе биде трет погон на заедничкото претпријатие во Кина, кое за десет месеци годинава има продадено речиси 1,2 милиони возила, што е  за 13,9 отсто повеќе во однос на лани, што придонесе General motors во наведениот период во Кина да продаде вкупно 2,3 милиони возила, или 10,5 отсто повеќе од лани.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: