Невработеноста во Германија се зголемува

Loading...

Невработеноста во Германија во ноември се искачи осми месец по ред, покажаа во четвртокот податоците на Сојузната агенција за труд (BAA), сигнализирајќи дека домашната побарувачка нема да го надокнади слабиот извоз и да ја преземе неговата улога на мотор на растот.

Порастот на невработеноста сепак е помал од очекуваното, а стапката на невработеност се задржа близу најниското ниво од германското обединување пред повеќе од две децении.
Според податоците на BAA, бројот на невработени лица на месечно ниво пораснал за 5.000, на 2,939 милиони, а стапката на невработеност останала непроменета на 6,9 отсто.
Во анкетата што ја направи Ројтерс меѓу 33 економисти, очекувањата беа дека невработеноста во Германија ќе порасне за 15.000 лица.

Макфакс

loading...
Loading...