Групацијата Телеком Словеније со нето профит од 41.9 милиони евра

Групацијата Телеком Словеније генерираше 595.9 милиони евра приходи од работењето во текот на првите девет месеци од годинава, што значи бележи пад од 4%  во однос на истиот период лани.

Она што особено придонесе на намалување на  приходите беа одредени трендови карактеристични за работењето на мнозинството на водечки оператори во светот во последните неколку години.
Приходите генерирани од она што некогаш претставуваше примарна услуга на фиксна и мобилна телефонија се намалени, додека порастот на широко-појасните приклучоци и услуги засновани на таа технологија е доста забавен.
Сепак,  ригидните мерки на Групацијата за намалување на сите видови на трошоци во текот на овој период резултираа во нето профит од 41.9 милиони евра, пораст од 11% во однос на истиот период лани.
Резултатите од работењето на Групацијата Телеком Словеније за првите девет месеци од годината беа дискутирани и усвоени во среда од страна на Надзорниот одбор на компанијата.
Заработувачката пред одбитоците за камати и даноците (EBIT) достигна 63.2 милиони евра, генерирани на исто ниво и во текот на истиот период лани, но сепак, над планираниот EBIT.
Сличен тренд бележи и EBITDA, кој изнесува над 198.4 милиони евра, што резултира во маржа на EBITDA од 33.3%. Нето финансискиот долг се намали за приближно 52 милиони евра и застана на цифрата од 336.7 милиони евра, што значи дека словенечкиот државен оператор е помеѓу најнезадолжените водечки оператори во Европа.
Групацијата останува да биде еден од најголемите инвеститори во Словенија. Групацијата резервираше  60.9 милиони евра за инвестиции во првите девет месеци од годината, што е зголемување од 22% од истиот период минатата година.
На матичната компанија отпаѓаат повеќе од половина, односно 32.6 милиони евра од наведениот износ, додека инвестициите во Косово и ТСмедиа и ГВО се на ниво од претходната година, со што се потврдува фокусираноста на Групацијата на создавање на најсовремена мобилна LTE мрежа.
Групацијата Телеком Словеније има вкупно 2.7 милиони фиксни и мобилни приклучоци заклучно со крајот на септември, што претставува 1% пораст во однос на истиот период лани.
Бројот на широко-појасни приклучоци во моментот е во стагнација, додека бројот на фиксни приклучоци продолжува да опаѓа. Групацијата бележи раст на мобилните приклучоци, особено како резултат на растот во Македонската компанија ОНЕ и  Ипко на Косово.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: