Червар: Очекувам на крилата на публиката победнички да ја завршиме полусезоната

Loading...

По двата порази во една недела од полскиот ракометен првак, Металург во последното коло од првата сезона од Лигата на шампиони, во сабота го дочекува француски Шамбери во Скопје.

„Тоа е многу организиран клуб и мора да се почитуваат. Очекуваме напната, мобилизирана игра. Тренираме, се мачиме, уморни сме, но не плачеме. Од нив мора да се чуваме. Против нас играа плитка зона, играа 6-0, очекувам дека можеби ќе играат и 5-1 зона, но подготвени сме да играме напад и на плитка и комбинирана зона“, рече тренерот на `Металурзите`, Лино Червар на денешната прес-конференција.
Потсети дека во првиот натпревар во Франција, каде Металург победи, не играше Бичаниќ, но сега врати и смета дека тој е многу квалитетен.

„Мислам дека мораме како и секогаш да ја бараме победата во нашата одбрана. Имаме повреден играч, тоа е Козлина, кој се сомневам дека ќе настапи. Очекувам на крилата на публиката да го завршиме првиот дел од сезоната во победнички ритам“, рече Червар.
Натпреварот со Шамбери одлучува дали веќе пред Нова Година, Металург ќе биде во топ 16, а во февруари кога продолжува Лигата на шампиони ќе се борат за подобро место.
„Можеме да речеме дека првата цел е исполнета, но не е готово, затоа што по Шамбери следува играта на пролет и нема да останеме без амбиции. Ќе се обидеме да одиме понатаму. Иако на некои им се чини дека тоа е полесен натпревар, никогаш не може да се каже за една француска екипа која е во врвот на францускиот ракомет дека ќе биде лесно. Ќе биде тежок натпревар, кој треба да се добие и да се оствари првата цел. Шамбери не стојат добро. Разочарување се. Не сум толку наивен да речам дека тоа ќе биде лесен натпревар и дека ќе се пласираме во првите 16. Туку ќе треба во сабота навистина да се бориме тоа и да го оствариме. Екипа која во својот состав ги има играчите како Гуацан, Ноцер, Башиќ, Пати, Детрез, Бичаниќ, мора да се почитува“, рече Червар.
„Не очекува натпревар во сабота, последен во оваа сезона од Лигата на шампионите. Екипата на Шамбери гостува во Скопје, екипа доста квалитетна, втора екипа во француското квалитетно првенство. Екипа која не  ние е јасно како игра така слабо во ЛШ со тој кадар, но нема да дојде во Скопје и да се предаде така лесно. Ние сме тие кои не смееме да им дозволиме победа“, рече Ванчо Димовски, капитен на екипата.
Тој рече дека играчите сакаат да излезат од негативната серија на два натпревари без победа.
„Треба да бидеме многу претпазлливи во сабота, сконцентрирани и подготвени за нив.
Полесно е кога имеме играно против противникот, потешко е кога одиме таму и не знаеме на што ќе налетаме. И тоа ние предност, по таа победа наша таму, знаеме што треба ,а што не да правиме. Очекувам дека позитивно ќе се заврши оваа полусезона од Лигата на шампионите“, додаде Димовски.
Натпреварот против Шамбери се игра во сабота во 16 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Mакфакс

loading...
Loading...