Јавна распределба на социјални станови и камен темелник на нов водовод во Битола

Јавната електронска прелиминарна распределба на 78 социјални станови, од кои првите 13 ќе бидат доделени на деца без родители, а останатите  на самохраните родители и лицата кои што добиваат финансиска помош, се одржа денеска во Битола.

На настанот присустуваваше Министерот за транспорт и врски Мили Јанакиевски, кој нагласи дека со ваквата распределба се намалува влијанието на човечкиот фактор во одлучувањето, а врз прелиминарната листа ќе се изврши двојна контрола со сите податоци внесени во електронскиот систем, како и контрола на терен со која ќе може да се констатира дали сите лица поднеле точни податоци.
Битолскиот градоначалникот Талески информираше дека за реализацијата на проектот Општина Битола вложи 30 милиони денари кои произлегуваат од обврската за комунален надоместок и 8,7 милиони денари за изградба на инфраструктурата за потребите на станбените објекти во кои се наоѓаат социјалните станови.
После електронската јавна распределба на социјалните станови Министерот Јанакиевски и Градоначалникот Талески поставија камен темелникот на новата водоводна мрежа во с.Раштани.
Со реализацијата на проектот за реконструкција на доводен цевковод и водоводна мрежа низ селото Раштани во должина од 1970 метри жителите на ова село ќе добијат квалитетно водоснабдување од градскиот водовод.
Проектот се реализира со договор за грант од Европската инвестициона банка за водоснабдување и одведување на отпадни води. Со овој проект ќе се обезбеди притисок од 4,0 литри во секунда, а вкупната вредност на инвестицијата е 5.690 853 денари. Нарачател на проектот е Министерството за транспорт и врски на Република Македонија, а краен корисник Општина Битола, односно жителите од селото Раштани.
Со проектите финансирани преку Европската инвестициона банка, 23 села во Битола ќе добијат нов водовод и квалитетно водоснабдување.

Пронајдете не на следниве мрежи: