Форбс ја објави листата за најплатени музичари за 2012 година

Магазинот Форбс објави листа од музичари од сите жанрови кои заработиле најмногу пари во периодот од мај 2011 до мај 2012 година. 

На првото место на листата се најде раперот Др. Дре, но не поради продажба на неговите албуми и синглови. Имено, Др. Дре има своја линија на слушалки наречена “Beats”, што на раперот му донела околу 100 милиони долари, откако HTC за 300 милиони долари склучи зделка за 51% од акциите на неговата компанија. 

Турнејата “The Wall Live” на членот на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, му донесе 88 милиони долари, со што Вотерс застана на втората позиција на овој список. Елтон Џон заработил 80 милиони долари низ 100 одржани концерти. Ирскиот рок бенд U2 ја завзема четвртата позиција со заработени 78 милиони долари, а за најголем дел од таа сума е заслужна турнејата 360, која за неверојатни 3 години им донесе на Ирците уште поневеројатни 736 милиони долари. 

Враќањето на Роби Вилијамс во британската поп група Take That им донесе 69 милиони долари, а тие ја направија најголемата турнеја во историјата на британската музика. Поради ова, тие го заслужија петтото место на листата. 

 

Погледнете како изгледа комплетниот список. 

 

1. Др. Дре – 110 милиони долари

2. Роџер Вотерс – 88 милиони долари

3. Елтон Џон – 80 милиони долари

4. U2 – 78 милиони долари

5. Тake That – 69 милиони долари

6. Бон Џови – 60 милиони долари

7. Бритни Спирс – 58 милиони долари

8. Пол Мекартни и Тејлор Свифт – 57 милиони долари

9. Џастин Бибер и Тоби Кит – 55 милиони долари

10. Ријана – 53 милиони долари

11. Лејди Гага – 52 милиони долари

12. Foo Fighters – 47 милиони долари

13. Пи Диди и Кејти Пери – 45 милиони долари

14. Кени Чесни – 44 милиони долари

15. Бијонсе – 40 милиони долари

16. Red Hot Chilli Peppers – 39 милиони долари

17. Џеј Зи – 38 милиони долари

18. Coldplay – 37 милиони долари

19. Адел и Кание Вест – 35 милиони долари

20. Мајкл Бубле – 34 милиони долари

21. Саде – 33 милиони долари

 

Пронајдете не на следниве мрежи: