БАБИЦА МОНСТРУМ: Убила 500 бебиња

Во Индија ќерка е знак за сиромаштија, бидејќи сеуште важи правилото дека сиромашна девојка нема да се омажи.

Во земја во која просечен човек заработува по евро на ден, живее во колиба и спие на под, многу жени се одлучуваат да не раѓаат.

Таквата одлука не е невообичаена ако се земе во предвид дека во оваа земја до пред само неколку години ги убиваа женските деца.

Перумал која 50 години работела како бабица вели дека постојат 14 начини за убивање новороденчиња.

“Бебињата ги убивав со отров, или во грлото им ставав големи семки, или завиткани во мокра крпа ги ставав пред вентилатор. Само Господ знае колку деца имам убиено. Мислам дека се околу 500. Секојпат тоа изгледаше како несреќа инаку ќе бев казнета. Секако тоа не беше моја одлука туку на родителите.”

Денес е активна во групата жени која собира помош и се бори против убивање на женски деца.

Пронајдете не на следниве мрежи: