Уништувањето на амазонската прашума паѓа четврта година по ред

Бразилската влада објави дека според податоците добиени од сателитски снимки, уништувањето на амазонските прашуми паднало на најниското ниво откако започна надгледувањето во 1988 година.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека тие податоци сѐ уште мораат да се проверат и да се споредат со состојбата на теренот со снимките направени од сателит, за да може со сигурност да се потврди дека дефорестацијата се намалува веќе четврта година по ред.
Во три од деветте амазонски држави опфатени со последните податоци всушност е забележана пораст на намалувањето на површините под шуми, имајќи предвид дека фармерите илегално крчмат помали парчиња земја, но повеќето од нив за да избегнат да се открие.
Дефорестацијата на бразилскиот дел од најголемата светска прашума е забележана на 4.656 квадратни километри во периодот меѓу август 2011 и јули 2012 година, што е пад за околу 27 отсто во споредба со истиот период една година претходно, соопшти министерството за екологија на Бразил.

Пронајдете не на следниве мрежи: