Силвио Сантос, водител на многу популарното бразилско шоу, грубо се шегуваше со граѓаните во лифт. Тој се обиде да направи нешто што неговите колеги од Јапонија веќе го направија, а ситуацијата беше толку морничава што беше вистинска среќа што никој не доби срцев удар од страв…
Тој имено ги пуштал граѓаните да влезат во лифт, потоа лифтот нормално би функционирал и за кратко во еден момент, лифтот ќе се заглави и ќе се изгасне светлото во лифтот.
Додека преплашените граѓаните барале помош, од скриено место во лифтот влегува морничаво девојче во бело фустанче која изгледа како дух, а во рацете држи кукла. Глетката е навистина морничава и иако знаете дека оваа е всушност скриена камера, неизбежно е дека морници ќе ве пролазат. Девојчето непрекинато ги зјапаше луѓето во лифтот а потоа започнува да вришти.
Нивниот страв не треба да се опишува туку доволно е да го погледнете видеото кое на Youtube е едно од најгледаните во периодов.
Пронајдете не на следниве мрежи: