Дисциплинската комисија на НБА лигата ги соопшти казните за актерите во тепачката на натпреварот помеѓу Бостон и Бруклин.
Режон Рондо, која иницираше тепачката, мина најлошо, тој е суспендиран на два натпревари, а парично е казнет со 200.000 долари. Бостон без својот организатор на игра ќе ги одигра натпреварите против Портланд и Милвоки.
Останатите учесници во тепачката минаа само со парични казни, соиграчот на Рондо, Кевин Гарнет ќе плати казна од 25.000 долари, додека кошаркарот на Бруклин, Џералд Валас е казнет со 30.000 долари.
Интересно, Крис Хамфрис, кој го направи неспортскиот фаул по кој настана целата гужва мина неказнето.