Видиќ повторно тренира

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, се врати ви тренажен процес, пренесува Б92, повикувајќи се на пишувањата на англиските медиуми.

Српскиот интернационалец, паузираше од почетокот на септември, кога ја обнови повредата на коленото, а според проценките на терените би можел да се врати за две недели.
Медицинскиот тим на Манчестер Јунајтед е уверен дека проблемот со коленото на Видиќ е решен.
Претходно менаџерот Алекс Фергусон најави дека Видиќ на терените ќе се врати околу Божиќ.
Сепак, капитенот на Јунајтед би можел да биде во тимот, на натпреварот од 17-то коло, на 15.декември,кога Манчестер Јунајтед ќе го пречека Сандерленд.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: