Салвадор Дали и продал лажно влакно од своите мустаќи на Јоко Оно за 10.000 долари

Сликарот Салвадор Дали во една прилика за 10.000 долари и продал лажно влакно од своите мустаќи на вдовицата на Џон Ленон, Јоко Оно.

Уметникот, наместо влакно, во кутивчето спакувал тревка.Во неодамнешното интервју за француски весник, поранешната актерка и пејачка Аманда Лир открива како сликарот ја измамил Јоко Оно.
„Целиот живот Дали не можеше да се воздржи кога пред носот му мавтаа со чек со голем износ“, изјави Лир, која некогаш беше муза и љубовница на познатиот шпански сликар-надреалист.
„Во една прилика Јоко Оно му бараше да и продаде влакно од своите мустаќи. Мислеше дека таа е вештерка и се плашеше да не фрли магија врз него. Ме испрати да наберам сува тревка и ја стави во убава кутија“, раскажува Аманда.
Таа додаде дека Оно за тоа платила 10.000 долари, а Дали сакал да ги насамарува луѓето.
„Беше мој професор по уметност, мој татко, мој љубовник“, се потсетува Аманда Лир, која Дали го запозна 1965 година, кога тој имал 61, а таа 18 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: