Хит синглот “Call Me Maybe” е всушност плагијат?

Минатата година украинската поп ѕвезда Аза ја објави својата музичка нумера, хит синглот “Hunky Santa” кој нажалост не го доживеа својот успех во Украина.

Но, по преслушувањето на канадскиот хит изведен од страна на Carly Rae Jepsen – “Call Me Maybe”, Аза ја препознала мелодијата на својот хит.

По доживеаниот шок, младата Аза се одлучила за тужба кон канадската пејачка и нејзиниот соработнички тим.

Сепак од страна на менаџерскиот тим на Carly, истакнуваат дека сите тужби се неоправдани, надополнувајќи дека канадската пејачка сама ги пишува своите песни, како и која би била можноста и случајноста да би оваа сега веќе светска ѕвезда, слуша украинско радио.

Во прилог преслушајте ги следните две видеа, па и вие имајте ја можноста да процените дали навистина се плагијат. 

 

 

Извор: pulsonline.rs

Пронајдете не на следниве мрежи: